2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивот како во филм: Земјите со највисок стандард и услови во светот

Живот како во филм: Земјите со највисок стандард и услови во светот

„U.S. News and World Report“ го објави своето ново рангирање на најдобрите земји во светот според квалитетот на животот.

Повеќе од 17.000 луѓе учествуваа во истражувањето, а најдобрите земји беа оценети според следните показатели:

-Пристапни цени

-Добар пазар на труд

-Економска стабилност

-Услови за создавање семејство

-Еднаквост на приходите

-Политичка стабилност

-Безбедност

-Добро развиен јавен здравствен систем

-Добро развиен јавен образовен систем

На врвот на рангирањето е Шведска, оценета како најдобра земја во однос на пристапноста, безбедноста и многу повеќе показатели, пренесува „CNBC“. Според „Numbeo“, трошоците за живот се во просек 20,9% пониски отколку во САД, а кириите се пониски за 57,5%.

Шведска е добро позната по својата бесплатна здравствена заштита и високо образование, пишува во извештајот на „U.S. News and World Report“.

Нејзините жители може да се пофалат со еден од најдолгите очекувања за живот, со просечна возраст од 82,8 години, според „CIA World Factbook“.

Земјата има брилијантна политика за родителско отсуство: родителите имаат право на 480 дена платено отсуство кога ќе се роди или посвои дете.

Еве ја целосната листа на десетте најдобри земји во светот за квалитетен живот:

Шведска

Норвешка

Канада

Данска

Финска

Швајцарија

Холандија

Австралија

Германија

Нов Зеланд

Норвешка е на второто место како лидер во рамноправноста на половите.

Родителското отсуство во земјата им овозможува на родителите да земат одмор од грижата за своето дете дома до 49 недели со целосна плата (или 59 недели со 80% од платата).

Норвешка, исто така, нуди месечни надоместоци за семејствата од еден месец по раѓањето на детето додека детето наполни 18 години.

Очекуваниот животен век е 82,75 години, а од 2013-та година земјата е рангирана меѓу првите 10 најсреќни земји во светот во Светскиот извештај за среќа, забележува „CNBC“.

Канада ги комплетира првите три. Земјата е позната по пристапните цени, пристапот до образование и здравствен систем.

Очекуваниот животен век е 83,9 години, што е за 3,24 години повеќе од оној на јужниот сосед – САД.

Според Индексот за подобар живот на ОЕЦД, Канада е над просекот во однос на приходите, работните места, образованието, здравствената заштита, квалитетот на животната средина, социјалните врски и задоволството од животот.

Земјата има универзално здравствено осигурување. На своите граѓани им нуди здравствен систем кој главно се финансира од даночни приходи и е бесплатен во моментот на обезбедување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП