8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната 5,2 отсто

Инфлацијата во еврозоната 5,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 5,2 отсто во август, наспроти 5,3 отсто во јули, додека една година претходно стапката на инфлација беше 9,1 отсто, објави Евростат.

Годишната стапка на инфлација во Европската унија во август изнесуваше 5,9 отсто, наспроти 6,1 отсто во јули. Една година претходно таа изнесуваше 10,1 отсто.

Најниска годишна стапка на инфлација е забележана во Данска (2,3 отсто), Шпанија и Белгија (по 2,4 отсто), а највисока е забележана во Унгарија (14,2 отсто), Чешка (10,1 отсто) и Словачка (9,6 отсто).

Во однос на јули, годишната инфлација е намалена во 15 земји-членки на ЕУ, зголемена во 11 земји, а во една остана непроменета.

Најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите (2,41 отсто), потоа храната, алкохолот и тутунот (1,98 отсто) и неенергетските индустриски производи (1,19 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП