10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99 % во однос на одлуката од 15.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,225 %, кај дизелот 1,906 % , кај екстра-лесното масло 1,619 % и кај мазутот зголемувањето е 1,445 %.

Од 19.9.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98 “- 92,50 (денара/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 87,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 48,268 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ не се менува.

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,964 денари/кг и сега ќе изнесува 48,268 денари/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,042 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП