18 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЦУК: Сите 19 пожари се изгаснати

ЦУК: Сите 19 пожари се изгаснати

Според утринските информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, пожари на отворено, вчера имало вкупно 19 и сите се изгаснати од противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи.

Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од коишто 6 се догасени рано утрово, биле во:
– Општина Аеродром, три пожари, кај гробиштата во населба Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај село Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај улица „Вардарска“ (ниска вегетација);
– Општина Студеничани, село Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гази Баба: село Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума);
– Општина Сарај, село Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци);
– Општина Могила, село Беранци (ниска вегетација и стрниште) и село Чарлија (ниска вегетација);
– Општина Тетово, село Ѓермо (депонија);
– Општина Теарце, село Глоџи (депонија);
– Општина Прилеп, село Ерековци (ниска вегетација и стрниште) и кај Кај фабрика Донија (ниска вегетација)
– Општина Охрид, село Буково (депонија);
– Општина Дебарца, село Песочани (ниска вегетација);
– Општина Струга, село Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај село Белица (ниска вегетација)
– Општина Струмица: село Свидовица (ниска вегетација);
– Општина Желино, село Добарце (депонија) и во
– Општина Куманово, село Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).

Инаку, Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот село Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места. Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.

ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички, патнички и товарен, сообраќај се одвива нормално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП