2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган сака нова фабрика на Тесла

Ердоган сака нова фабрика на Тесла

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од извршниот директор на Tesla, Илон Маск, да изгради фабрика за автомобили во Турција, објави во понеделникот Дирекцијата за комуникации на земјата.

Во соопштението се наведува дека многу турски добавувачи веќе работат со Тесла и дека Турција е меѓу главните кандидати за новата фабрика на неговата компанија, пренесува Ројтерс.

Ердоган и Маск разговараа во Турската куќа во Њујорк, јави турската новинска агенција Анадолу. Ердоган моментално е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН. Ердоган, исто така, рече дека Турција е отворена за соработка во областа на вештачката интелигенција и сателитскиот интернет Starlink на SpaceX.

Во соопштението на турскиот директорат се наведува дека Маск рекол дека SpaceX сака да соработува со турските власти за да ја добие потребната лиценца за понуда на сателитски услуги Starlink во Турција. Ердоган го покани Маск да присуствува на Турскиот фестивал за авијација и технологија во Измир на крајот на овој месец.

Тесла моментално има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, како дел од напорите на компанијата да го прошири своето глобално присуство. Маск во мај изјави дека Tesla најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП