Замокот „Hearst“ кој претставува историска знаменитост се наоѓа на централниот брег во Калифорнија.
Тој е дизајниран од архитектот Џулијан Морган, а изграден е вo периодот помеѓу 1919 и 1946 година.
Замокот првично бил наменет за сопственикот кој поседувал ланец весници, Вилијам Рeндолф Херст, но по неговата смрт во 1951 година, замокот и припаднал на државата Калифорнија.
По одреден период замокот бил прогласен за историско место. Неговата внатрешност е прекрасно уредена, со класичен и препознатлив стил. Тој поседува голема библиотека, луксузен мебел, салони, спални, трпезарија, а меѓу другото и голем внатрешен и надворешен базен.