3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на ураниумот достигна највисоко ниво за една година

Цената на ураниумот достигна највисоко ниво за една година

Цената на „жолтата торта“, концентрат на ураниум што се користи во нуклеарното производство, се искачи на 12-годишно ниво, бидејќи се зголемија апетитите за производство на нуклеарна енергија.

„FT“ објави дека цените на „жолтата торта“ се зголемиле за 12% само во изминатиот месец на 65,50 долари за фунта (приближно 453,6 g – авт.). Цената е највисока од 2011-та година, пред несреќата во нуклеарната централа Фукушима.

Порастот на цените се должи на промената на расположението кон нуклеарната енергија, бидејќи владите сфаќаат дека ветерот и сонцето не се доволни за производство на електрична енергија.

Пазарот на ураниум е во депресија по земјотресот и несреќата во Фукушима, што значи дека немало многу инвестиции во зголемување на производствениот капацитет во овој долг временски период. Сега работите се чини дека брзо се менуваат, а тоа може да доведе до недостиг на пазарот.

Во извештајот на „The Wall Street Journal“ се забележува дека цените на ураниумот скокнале за 30% од почетокот на годината, бидејќи новите нуклеарни централи беа пуштени во употреба и животот на некои стари се продолжи. Ова доведе до пораст на побарувачката за ураниум во услови на ограничена понуда.

По воениот удар во Нигер, се заоструваат ограничувањата на пазарот на ураниум. Земјата обезбедува 5% од светскиот ураниум и околу една четвртина од ураниумот што се користи во Европа.

Русија е исто така најголемиот процесор на ураниум во светот и еден од најголемите добавувачи.

Има стравувања меѓу аналитичарите дека ЕУ и САД во одреден момент би можеле да одлучат да ја санкционираат руската индустрија за ураниум, што би имало големо влијание врз безбедноста на снабдувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП