4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува раст на БДП од 1,2 отсто во тековната година

Русија очекува раст на БДП од 1,2 отсто во тековната година

Руското Министерство за економски развој ги подобри очекувањата за динамиката на националната економија во 2023 година, предвидувајќи нејзин раст од 1,2 отсто наместо пад од 0,8 отсто, како што прогнозираше во септември минатата година.

„Економијата продолжува да закрепнува. Стапката на раст на БДП годинава ја проценуваме на 1,2 отсто“, изјави раководителот на економскиот сектор Максим Решетников. Според него, до 2026 година, економскиот раст ќе се забрза до околу три проценти годишно, главно благодарение на обновувањето на побарувачката на потрошувачите, пренесува Интерфакс.

Банката на Русија уште во февруари ја подобри прогнозата за динамиката на рускиот БДП за тековната година, кога предвиде зголемување од еден процент наместо намалување од еден процент. Руската централна банка предвиде економски раст во следната година во опсег од 0,5 до 2,5 отсто.

Во своите прогнози, руските аналитичари најмногу изразуваа песимизам за разлика од официјалните предвидувања. Оттаму очекуваат дека БДП сепак ќе ослабне за еден процент во 2023 година, додека во следната година очекуваат раст од 1,3 отсто.

Руското Министерство за економски развој ги достави до Владата главните параметри на сценариото за периодот од 2023 до 2026 година, договорени со Министерството за финансии. Прогнозите на министерството покажуваат дека годинава се очекува раст на БДП од 1,2 отсто, а во наредната за два отсто, по ланскиот пад на БДП од 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП