2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСега и Германија и Белгија ќе го испитуваат можното зголемено зрачење на...

Сега и Германија и Белгија ќе го испитуваат можното зголемено зрачење на iPhone 12

Германија и Белгија ќе го испитаат можното зголемено зрачење од iPhone 12 на Apple врз основа на француските истраги за ова прашање, објавија денеска регулаторните тела на двете земји.

Германското регулаторно тело изјави за Ројтерс дека е во контакт со релевантните власти во Франција за ова прашање, велејќи дека француската процедура има водечка функција за Европа како целина.

Белгискиот државен секретар за дигитализација, Матје Мишел, денеска изјави за Ројтерс дека ќе побара од регулаторот за телекомуникации да ги анализира потенцијалните здравствени ризици поврзани со можното зголемено зрачење од моделите на Apple iPhone 12, откако Франција нареди запирање на продажбата на телефоните поради нивото на радијација повеќе од дозволеното.

Француската Национална агенција за фреквенции (ANFR) во вторникот му соопшти на Apple дека треба да престане да го продава iPhone 12 во Франција, откако агенцијата спроведе тестови за кои рече дека покажале дека специфичната стапка на апсорпција (SAR) на моделот на паметен телефон е поголема од дозволената со закон.

„Непостапувањето ќе резултира со повлекување на опремата што веќе е ставена на располагање на потрошувачите“, изјави ANFR.

Apple објави во средата дека нивниот модел iPhone 12 добил повеќекратни сертификати од меѓународните тела за усогласеност со глобалните прописи и стандарди за ниво на радијација, откако ANFR соопшти дека компанијата треба да престане да го продава моделот на телефонот поради зголеменото ниво на радијација.

Apple соопшти дека му доставил на ANFR повеќекратни лабораториски резултати од сопствени и независни трети страни кои докажуваат усогласеност со радијацијата на iPhone 12, објави Ројтерс.

Компанијата соопшти дека ги оспорува резултатите од ревизијата на AFNR и дека ќе продолжи да соработува за да покаже дека нема зголемено зрачење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП