28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуѓето кои често патуваат се најздрави и најсреќни. Топ дестинации за патување...

Луѓето кои често патуваат се најздрави и најсреќни. Топ дестинации за патување овој период од годината!

Сеќавањата од патувањата се вистински извор на среќа, искуство кое ќе остане со нас целиот живот.

Краткотрајната дисконектираност од нашата нормална средина на која веќе сме се адаптирале е одличен начин за креирање среќни и трајни сеќавања кои тешко се забораваат или се заменуваат, вели 80-годишен истражувач од Универзитетот Харвард Волтер Валдингер кој има докажано дека луѓето кои често патуваат и кои на тој начин се поврзуваат со нивните семејства, пријатели и другите луѓе се најздрави и најсреќни.

Патувањето не носи на нови култури и места. Во една таква средина се чувствуваме како се што гледате околу нас да не прави побогати. Нашиот мозок и тело губат чувство за време и апсорбираат нови информации.

Па ако е тоа така зошто да губиме време! Доволно е да одбереме некое место каде сакаме да ги поминеме викендите и слободните денови, и да ја дадеме довербата некој тоа за нас да го организира.

А ако сакате нешто навистина поразлично, впечатливо и од каде ќе се вратите полни со позитивни импресии ви ги предлагаме следниве три дестинации: Тоскана, Стокхолм или Берлин. Ви треба само пасош, мал џепарац, желба и ентузијазам и секако најсигурниот партнер труристичката агенција Магелан, за да патувањето биде безгрижно!

Ако сакате да ги разгалите сите сетила, тогаш посетата на регионот Тоскана во Италија е вистинскиот избор за Вас. Ренесансните архитектонски ремек дела во Фиренца, Пиза и Болоња, во чии улички буквално од секој камен “испарува” култура и историја, посетата на една од најавтентичните винарии “San Donato”- во Сиена, го прави ова патување вистинско уживање кое ќе ги разгали сите ваши сетила.

Стокхолм е неоткриениот скандинавски бисер, Венеција на север! Градот каде се доделуваат Нобеловите награди, каде импонира прекрасната кралска опера и кралската градина. Каде се наоѓа еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа, па популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Alfred Novel средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. 

На островот Џургарден се наоѓа музејот на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Домот на Грета Грабо…и многу повеќе.

Берлин, самото име предизвикува воздишки! Еден од најголемиот плоштади во Европа е токму во Берлин Александерплац, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстагот, германскиот парламент Бундестаг, има ли потреба нешто повеќе да се пишува.

Со брзина на светлината ги пакувате куферите со најнеопходните парчиња облека, се вклучувате на relax mode и го напуштате секојдневието во градот. Инвестирајќи во искуства инвестирате во долгорочна среќа и задоволство. А животот е краток за да не го живееме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП