Гравот е богат со лесно сварливи протеини, витамините Б, Ц, Е и ПП, потоа минералите калциум, фосфор, бакар, цинк, железо, како и аминокиселини, меѓу кои најзастапени се триптофан, лизин, аргинин, тирозин и метионин.
Гравот има одлични дејства на црниот дроб и жолчното кесе, бидејќи им помага подобро да работат, а кога е во прашање дигестивниот тракт, гравот има улога на чистач.
Гравот го зајакнува и кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата и изгледот на кожата.
Се препорачува после диетата уште неколку дена да се јаде грав како главно јадење, а да се намали внесувањето на лебот и слатките работи.
Напомена:
За време на диетата би требало да пиете многу течности (најдобро вода) и потполно да ги исфрлите шеќерот и солта. Секоја вечер пред да одите во кревет, испијте една шоља јогурт со мала масленост или уште подобро кефир.
Обрнете внимание на менито – иако некои денови изгледаат слично, постојат разлики кои се значајни.
Што се однесува до подготовката на гравот, се готви густ, со што е можно помалку маснотии и пожелно без запршка (зачини може да се додадат по вкус).