3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Хрватите ги намалуваат цените: Акција на околу 360 производи

И Хрватите ги намалуваат цените: Акција на околу 360 производи

Конзум од петок ги намалува цените на околу 360 артикли.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и петмина министри денеска одржаа средба со претставници на трговските синџири во врска со иницијативата за враќање на цените на одреден број артикли на нивото од последниот ден од минатата година.

Фабрис Перушко од Фортенова по средбата пред новинарите изјави дека разговорот во Владата бил конструктивен.

„Ветивме дека ќе направиме се што е можно за да помогнеме во намалувањето на инфлацијата во Хрватска.

Во Конзум од овој петок започнуваме со промоции на околу 360 производи плус уште илјада чии цени ќе бидат намалени.

Нашата цел како компанија е инфлацијата да биде помала“, рече Перушко, пренесе загрепската ТВ Н1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП