6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска комисија: Кинеските автомобили се вештачки евтини благодарение на државните субвенции

Европска комисија: Кинеските автомобили се вештачки евтини благодарение на државните субвенции

Европската унија започнува истрага за кинеските субвенции за електрични возила.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја објави истрагата во средата, велејќи дека светскиот пазар е преплавен со евтини кинески автомобили.

Нивната цена вештачки се намалува со дарежливи државни субвенции.

Истрагата беше отворена и покрај загриженоста за одмазда од страна на Кина, која може да одговори со низа економски мерки. Очигледно, се проценува дека кинеските електрични автомобили би можеле да ги загрозат европските производители на големите пазари, како Германија, Франција, Италија…

Кина е дом на голем број производители на електрични автомобили кои живеат од владините стимулации, а многу компании сè уште прават загуби, т.е. тие не се профитабилни.

Се подготвува голема офанзива на кинеските производители на автомобили на европскиот континент, а покрај марките BYD, Nio и MG, доаѓање најавија и други марки. Кинеските производители бараат нови пазари бидејќи планираат да се прошират, но причината е и забавувањето на побарувачката на домашниот пазар.

Ваквата одлука на Европската комисија е поповолна за Французите, кои бараа слични потези.

Германците, од друга страна, не се премногу заинтересирани за заострување на трговските односи со Кина, бидејќи брендовите како Фолксваген, БМВ, Ауди или Мерцедес имаат голем пазарен удел во Кина, што е веројатно нивниот единствен најважен пазар во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП