28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: 19 години посветени на развој на македонскиот бизнис сектор

ССК: 19 години посветени на развој на македонскиот бизнис сектор

Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 19 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно окружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателот на Р.Македонија Стево Пендароски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, бизнис елитата, новинари и други чинители активни во економското окружување.

Во своето обраќање пред присутните претседателот на Сојузот, г-дин Трајан Ангелоски истакна дека ,,Сојузот е формиран во 2004 година како одраз на потребата која се појави за креирање на деловна мрежа што активно ќе работи на промоција и застапување на мали, средни и фамилијарни бизниси кои благодарение на добрите претприемачки карактеристики се поставија како носечки столб на македонската економија.

Со постоењето на Сојузот се афирмираше развојот и важноста на претпријатијата и претприемништвото, интернационализација е тренд кој мора да се следи за да се постигне и одржи солиден раст и развој во бизнисите. Поради тоа максимално ќе работиме на отворање на нови пазари за нашите компании, привлекување на странски инвестиции, јакнење на нашата економската позиција преку поврзување со другите комори и поддршка на микро, малите и средни компании. Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст и заедно да придонесеме за економската стабилност и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење” истакна Ангелоски.

По повод одбележување на 19 годишнината од основањето, се доделија благодарници за успешна соработка на Државен иснпекторат за земјоделство на Р.Македонија и Агенција за храна и ветеринарство, а посебна благодарница се додели на г-дин Мирче Чекреџи за личен придонес ,повеќе децениски бизнисмен,претприемач и менаџер .

Во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации и контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП