4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО предупредува на први знаци на деглобализација на меѓународната трговија

СТО предупредува на први знаци на деглобализација на меѓународната трговија

Меѓународната трговија останува глобализирана, но се појавуваат првите знаци на фрагментација на таа врска, предупреди Светската трговска организација (СТО) во својот најнов извештај.

Геополитичките тензии веќе влијаат на глобалните трговски текови, а фрагментацијата на меѓународната трговија може да го загрози економскиот раст и развој.

Идејата за деглобализација е поизразена од почетокот на пандемијата, која ги парализираше синџирите на снабдување од Кина и рускиот напад врз Украина.

Според извештајот на француската новинска агенција АФП, Светската трговска организација истакна дека растот на светската трговија веќе е значително забавен за време на глобалната финансиска криза во 2009 година.

„Во оваа фаза на забавена глобализација, се поставува прашањето дали можеби веќе сме во фаза на деглобализација“, рече главниот економист на СТО, Ралф Оса.

Неговиот тим се залага за реглобализација или нејзино повторно интензивирање. „Веќе има јасно видливи пукнатини во составот на меѓународната трговија“, нагласи Оса.

СТО овојпат не спомна конкретни земји, но јасно е дека станува збор за се поголем јаз меѓу Западот од една страна и Кина и Русија од друга страна. Растот на трговската размена меѓу Кина и Русија е околу шест отсто поголем отколку меѓу Западот и другите економии.

„Доколку светската трговија се подели на два блока, најнеразвиените земји ќе претрпат најголеми загуби“, предупреди СТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП