Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека неговата земја нема да ги отвори границите за увоз на украинско жито, без оглед на одлуката на Европската комисија оваа недела.
Увозот на украински житарки, вклучително и пченица и пченка, е забранет на територијата на петте источни членки на Европската унија – меѓу нив Полска, Унгарија и Романија, врз основа на договорот постигнат со Брисел на почетокот на годината.

