4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на странски туристи во земјава

Зголемен бројот на странски туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2023 година изнесува 197 273, од кои 46.0 % се домашни туристи, а 54.0 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јули 2023 година изнесува 742 970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 44.0 %.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.7 %, а кај странските има зголемување за 28.4 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП