3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИталија и туризмот: Туристите ќе плаќаат од 3 до 10 евра за...

Италија и туризмот: Туристите ќе плаќаат од 3 до 10 евра за влез во Венеција

Сите туристи кои сакаат да ја посетат Венеција ќе треба однапред да резервираат билет и да платат за влез во градот по цена која ќе зависи од должината на планираниот престој. Од следната година еднодневните патувања во Венеција, влез во нејзиното историско јадро, ќе чинат по 5 евра по лице дневно, соопшти венецијанскиот градски совет.

Билетите ќе се проверуваат на влезовите лоцирани на главните точки на градот.

Венеција е првиот град во светот кој ќе наплатува влез од 3 до 10 евра, во зависност од денот на престојот и бројот на луѓе кои го посетуваат. Жителите на регионот Венето и децата под шест години нема да плаќаат влез. Казната за туристите кои нема да платат влез ќе изнесува до 300 евра.

Наплатата на билети и однапред резервации не е насочена кон ограничување на бројот на туристи во центарот на градот. Целта, како што објаснуваат од градскиот совет, е да се поттикнат посетителите да ја посетат Венеција во помалку популарен период од годината кога цената за резервација ќе биде пониска.

На туристите кои доаѓаат на еднодневни патувања ќе им бидат понудени замени за резервации. Ќе можат да ги заменат или да добијат попуст за билети за музеј. Точниот датум на стапување во сила на новиот систем ќе биде објавен во наредните недели.

Резервација за влез во градот ќе се врши преку апликацијата или веб-страницата. По тој повод ќе добиете QR код кој ќе се користи за влез и минување низ градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП