30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот Android таблет со сензор за отпечатоци

Првиот Android таблет со сензор за отпечатоци

tablet otpecatok

Се појави првиот „Android“ таблет со сензор за отпечатоци. Тоа е моделот на „Fujitsu“ кој се нарекува „Arrows Tab FJT21“. Тој е опремен со 10,1-инчен екран на допир и работи во резолуција 2560х1600 пикели.

Таблетот работи со „quad-core“ процесор „Qualcomm Snapdragon 800“ на 2,2 GHz, има 2GB RAM, како и 64 GB внатрешна меморија која може да се прошири преку мемориски картички „microSD“.

„Arrows Tab FJT21“ сепак има нешто многу важно што го разликува од сите останати. Тој е првиот „Android“ модел кој има сензор за отпечатоци. Тој служи за идентификација и отклучување, а во моделот освен ова можеме да видиме и 8-мегапикселна камера, 1.3-мегапикселна предна камера, Bluetooth 4.0 , NFC , Wi -Fi ( 802.11ac ) и 4G/LTE поддршка. Батеријата пак има капацитет од 9600 mAh.

Се уште не е позната цената на моделот, кој има димензии од 261х169х8 , 9 mm и тежина од 520 грама, но се знае со сигурност дека првично ќе се нуди во мрежата на јапонскиот оператор „KDDI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП