27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмените на законот за работни односи во насока на заштита на работниците

Измените на законот за работни односи во насока на заштита на работниците

spiro

Последните измени на законот за работни односи имаат за цел да ги заштитат правата на работниците и да ги спречат злоупотребите при спогодбените откази, како и да ја намалат бројката на непријавени работници, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

– Со последните измени на Законот за работни односи, кои се на јавна расправа, во консултација со синдикатите и работодавачите се обидовме да ги коригираме состојбите коишто се детектирани како проблеми. Со нив се предвидува да не постои бланко потпишана изјава за отказ, ситуација која што често пати се случуваше и предвреме беше потпишуван отказот. Работодавачите дополнителни само го допишуваа датумот. Сега се предвидува само горниот, односно суштинскиот дел на текстот да биде унифициран и изработен, но долниот дел каде што се потпишува работникот и работодавачот да остане целосно празен. Тука работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос, рече Ристовски.

Со ова, додаде, многу ќе се намали веројатноста дека некој ќе се обиде да фалсификува нечиј потпис или целосно име и презиме или датум.

Друга значајна измена, како што истакна Ристовски, е предлогот за воведување мандатни казни за непријавени работници.

– Има делумна промена на прекршочната политика со тоа што ќе се воведат мандатни казни доколку се затекнат до две непријавени лица. Притоа, работодавачот ќе треба да плати по 1.000 евра за секое од двете непријавени лица и обврска да ги пријави во рок од осум дена и да ги плати казните. Доколку тоа не го направи објектот каде се извршуваат работните задачи ќе биде затворен. Доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен. Во услови кога објектот ќе биде затворен работодавачот нема да смее да отпушти ниту еден вработен, туку ќе треба да им исплаќа плати во висина од 70 проценти од последната исплатена плата, појасни министерот за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП