21 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоплавените автомобили од Словенија ќе се продаваат во Македонија?

Поплавените автомобили од Словенија ќе се продаваат во Македонија?

По катастрофалните поплави кои ги погодија Словенија и други земји во регионот, многу од автомобилите кои беа потопени во водата сега се обидуваат да се продадат на македонските плацеви за автомобили.

Ова е сериозен ризик за купувачите, бидејќи поплавените автомобили можат да имаат скриени дефекти и да предизвикаат проблеми во иднина.

Еден автомеханичар од Скопје, кој сака да остане анонимен, предупредува дека поплавените автомобили можат добро да се камуфлираат, но по кратко време ќе се појават проблеми со електрониката.

-Поплавените автомобили се сушат, чистат и репарираат, но тоа не значи дека се безбедни. Водата може да го оштети компјутерот, сензорите и другите делови од електронскиот систем на автомобилот. Тие можат да работат нормално некое време, но потоа може да почнат да покажуваат грешки или да престанат да функционираат. Тие исто така можат да бидат опасни за возачот и за патниците, бидејќи може да има краток спој или да избувне пожар – вели тој.

Еден препродавач на автомобили од Тетово, кој исто така не сака да го открие своето име, признава дека на пазарот во Словенија за многу мали пари се нудат скапи, но поплавени автомобили.

-Секогаш има понуда и побарувачка за евтини автомобили. Некои луѓе не можат да си дозволат нов или половен автомобил кој не е оштетен, па го купуваат тоа што им се нуди. Ние како продавачи им обезбедуваме документација за автомобилите, но не можеме да гарантираме за нивната состојба. Купувачите треба да бидат свесни за ризикот и да ги проверат автомобилите пред да ги купат – кажува тој.

Експертите им делат совети на купувачите да бидат внимателни при изборот на автомобил и да не се залетуваат по ниската цена.

Како што советуваат, пред да купите возило, најдобро би било да го однесете во овластен сервис и да направите детална проверка.

Доколку автомобилот бил поплавен, посочуваат експертите, тогаш вработените во сервисот веднаш ќе го забележат оштетувањето.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП