27 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАУнија Феникс Рајзинг ги обедини младите претприемачи од регионот на извонредно тридневно...

Унија Феникс Рајзинг ги обедини младите претприемачи од регионот на извонредно тридневно дружење во Скопје

Скопје посведочи динамична конференција со млади претприемачки таленти која се одржа на 03.09.2023 во Хотел Арка. Настанот “Your Network is Your Net Wort” го сочинуваа две панел дискусии и коктел забава за вмрежување, со дегустација на производи од македонски стартап компании – крафт пиво и бургери од овес.

Настанот го отвори Ивона Трајановска, основач и претседател на унијата на млади претприемачи на Македонија Phoenix Rising, запознавајќи ги присутните со целите и активностите на унијата, како и заедничкиот проект “Balkan Entrepreneur Bridge” помеѓу униите на млади претприемачи од Македонија, Црна Гора и Србија. На првата панел дискусија се разговараше околу тоа како да ја подобриме регионалната соработка и важноста на платформи како оваа да постојат во нашиот Балкански регион. Панелисти беа Урош Булатович – Претседател на унија на млади претприемачи Црна Гора, Никола Вуковиќ – Претседател на унија млади претприемачи Србија и Александар Момироски – Потпретседател на унија на млади претприемачи Македонија.

Втората панел дискусија беше на тема “Дали се инвестира во младите жени претприемачи?” со панелистите Сања Жугиќ сопственик на компанија Екосереин, Моника Ризовска Амбасадор на Women in Tech Macedonia, Коста Петров основач на компанија П-Ворлд, поранешен директор на ФИТР и бестселер автор, и Рубен Вергара сопственик на повеќе интернационални компании. Преку оваа дискусија јасно се долови реалната слика за жените во претприемништвото, нивниот прогрес и се поголемата застапеност во бизнисот, но и потребата за постојана надоградба на нивните hard skills.

Благодарност до сите кои присуствуваа, посебна чест со своето присуство направија Ристо Пенов Министер на Локална Самоуправа во Владата на РМ, Трајан Ангелоски претседател на сојуз на стопански комори, Улпијан Бејта од Агенција за странски инвестиции, Гого Рафајловски од SEEUTechPark.

Покрај настанот во Хотел Арка, за гостите од Црна Гора и Србија, 9 млади претприемачи од македонското здружение ги отворија вратите од своите компании, како El Cabron, PivoLabs, EnegroSystem, Rikomak, Pro-Fit, SimSaltirova, Scoop, FierceFitness, Arka. На посетите се разговараше за начинот на функционирање на секоја компанија, како и за предизвиците со кои се соочуваат.

Собирот на млади претприемачи во Скопје беше огромен успех. Не само што го поздрави иновативниот дух на претприемачите туку и го потенцираше потенцијалот за меѓу гранични соработки. Со завршувањето на настанот, учесниците се здобија со непоколебливо чувство на припадност и поврзаност кои несомнено ќе вродат идни успеси во претприемачкиот свет.

Голема благодарност до Халк Банка која целосно го поддржа нашиот прв јавен настан и ја препозна нашата мисија и визија. Благодарност и до Урбан Радио, Џорџ рент кар, Винарија Тиквеш, 365 и Рикомак.

Сите кои што сакаат да се дел од Унија на млади претприемачи на Македонија Phoenix Rising можат да аплицираат на веб сајт – www.ump.cbi.mk

Проектот е финансиран од Western Balkans Fund.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП