6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлаќаат 16.000 денари за да кажат „да“ во ресторан

Плаќаат 16.000 денари за да кажат „да“ во ресторан

Ако не сакате да се венчате во службените простории на Управата за водење на матичните книги, каде што обично просторот е тесен и неинтересен за фотографирање, тогаш имате можност да си го изнајмите матичарот и да го повикате да ве венча онаму каде што вие ќе одлучите.

Можете да го повикате матичарот во вашиот дом, во ресторан, во шума, на езеро, па дури и на планина, но во тој случај треба да знаете дека потребно е да си платите и тоа – дебело!

Додека склучувањето брак во просториите на Управата за водење на матичните книги чини 150 денари, задоволството за изнајмување на матичарот онаму каде што ќе ја одржите свадбената веселба ќе ве чини 7.472 денари.

Но, оваа цена важи само доколку дистанцата помеѓу ресторанот каде што ќе се врши венчавката и Управата е помала од 10 километри.

Ако одалеченоста е поголема од 10 километри, а тоа често се случува затоа што повеќето свадбени ресторани се лоцирани на периферијата на главниот град, тогаш цената на матичарот се зголемува за 100 проценти и чини 16.000 денари.

Овој ценовник е испишан во Правилникот на Управата за матични книги, а исто така таму е наведено дека „страчка нема врачка“ за парите доколку младите се предомислат или се спречени да ја одржат сопствената венчавка.

Интересно е и тоа што цените за склучување брак варираат и во поглед на времето и денот кога се склучува бракот.

На пример, надоместокот за склучување брак надвор од службените простории од понеделник до петок и првата работна сабота, по 16.30 часот и до 10 километри од матичното подрачје изнесува 3.368 денари. А нешто поскапо е склучувањето брак по работното време во работните денови и за таа услуга луѓето плаќаат 3.736 денари.

Од Управата за водење на матичните книги брифираат за Денар дека во последно време сѐ поактуелна станува услугата за изнајмување на матичарот наместо за склучување брак во просториите на Управата.

Тоа е право на избор, не е задолжително. Некој сака да се венча во просториите, односно во некоја од салите на Управата, а некој сака тој чин да го направи помпезен и склучувањето на бракот да биде вовед на свадбената веселба во ресторанот – брифираат од Управата.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП