28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2023 година вкупниот промет изнесувал 195.001.584 денари и е намален за 0.72 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 126.715.837 денари и е намалено во однос на јули за 16,88 отсто кога изнесувало 152.448.876 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 124.285.450 денари и обврзници во вредност од 2.430.387 денари.

Блок трансакциите за август изнесувале 68.285.747 денари.

Бројот на трансакции во август изнесувал 637 и е намален за 18,65 отсто во однос на јули кога изнесувал 783.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за август 2023 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП