7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки

Стартува пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки

Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија. Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите. Токму затоа годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области.

Примарната цел на aкадемијата е да се обезбеди знаење, вмрежување, пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постечкиот.

Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan. Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата. По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, спремен за имплементација.
Академијата за жени претприемачки (AWE) е формирана во 2019 година од страна на Бирото за образовни и културни работи на Американската Влaда и се спроведува во преку 80 држави низ светот, помагајќи на повеќе од 15.000 жени претприемачки да основаат сопствен бизнис или да го прошират и зголемат својот веќе постоечки бизнис. (https://eca.state.gov/awe)

Академијата e поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, a имплементирана од страна на Mакедонско-Американска Aлумни Aсоцијација.

Донесете ја својата бизнис идеја и аплицирајте денес, (04.09.2023). Повикот ќе треа до 22 септември. Академијата ќе започне на 4 октомври и ќе трае до средината на декември oваа година..
Повеќе детали на – https://maaa.mk/2023/08/22/naskoro-zapochnuva-akademija-za-zheni-pretpriemachki

Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават на следниот ЛИНК – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeUdXuKPkPojZTTCLRD-lLVHy-HpK14mTPte5eYo1u4llKDPw/viewform

Контакт – [email protected], 070 401 164

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП