30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Пад на индексите, инвеститорите не се сигурни за ФЕД

Wall Street: Пад на индексите, инвеститорите не се сигурни за ФЕД

На Волстрит цените на акциите паднаа вчера, по минатонеделните силни добивки, бидејќи инвеститорите не се сигурни дали американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.

Dow Jones загуби 0,56 отсто, на 34.641 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,42 отсто, на 4.496 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,08 отсто, на 14.020 поени.

По празникот во понеделник, новата работна недела на најголемата светска берза започна со пад на цените на акциите.

Минатата недела берзанските индекси силно пораснаа бидејќи инвеститорите заклучија дека ФЕД нема дополнително да ги зголемува каматните стапки, имајќи предвид дека американската економија и пазарот на труд се „ладат“.

Се верува дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки во септември

Сепак, по продолжениот викенд, ентузијазмот исчезна. Се уште се верува дека ФЕД нема дополнително да ги зголеми каматните стапки во септември, но не е сигурно дека тоа нема да го направи во наредните месеци.

Имено, економијата покажува значителна отпорност, а цените на нафтата, кои се еден од главните двигатели на инфлацијата, значително растат во последните недели.

Се верува дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки непроменети некое време и ќе чека дополнителни макроекономски податоци да покажат дали инфлациските притисоци продолжуваат да се намалуваат.

Во меѓувреме, приносите на државните обврзници повторно растат.

„Една од причините за падот на цените на акциите е тоа што каматните стапки продолжуваат да растат, па затоа обврзниците се добра алтернатива за акциите. Покрај тоа, зголемувањето на цената на нафтата е пречка за напорите на ФЕД да ја намали инфлацијата до целта од 2 отсто“, објаснува Пол Нолте, стратег во Марфи и Силвест Велт Менаџмент.

Остануваат прашањата дали ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште неколку пати и колку долго ќе ги држи на покачени нивоа. Затоа, во наредниот период насоката на пазарот најмногу ќе зависи од шпекулациите за овие прашања.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,20 отсто, на 7.437 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,34 отсто, на 15.771 поен, а париски CAC 0,34 отсто, на 7.254 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП