Резултат од спојувањето на префинетиот дизајн и напредната технологија е новиот луксузен „Datamancer“ Викторијански лаптоп…
Тој е познат како второ издание на електричниот „steampunk“ лаптоп, дизајниран од страна на брендот „Datamancer“, Викторијанскиот лаптоп е елегантно рачно изработено парче од технолгијата, со дрвена кутија која изледа како Викторијанска музичка кутија, прекрасен „steampunk“ систем и полу-скапоцени камења во улога на „LED“ индикатори. Од надворешната страна овој лаптоп е украсен со златна мапа.
Иако има антички изглед, ова е всушност многу моќна и луксузна машина. Цената која треба да ја платите за да го поседувате ова уметничко и луксузно дело е 8,860 долари.