3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на деловната активност во еврозоната во август беше најсилен од крајот...

Падот на деловната активност во еврозоната во август беше најсилен од крајот на 2020 година

Деловната активност во еврозоната падна во август најмногу од крајот на 2020 година, како одраз на забавување во услужниот сектор, покажаа новите проценки на S&P Global во вторникот.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор во еврозоната падна во август за 1,9 поени во однос на јули, на 46,7 поени, што е најниско ниво од ноември 2020 година, утврди Хамбуршката трговска банка (HCOB), која ги составува извештаите за S&P Global, намалувајки ја првичната проценка.

Вредностите пониски од 50 поени укажуваат на пад на активноста.

Кога ќе се исклучи периодот на пандемијата, падот беше најсилен од март 2013 година и од должничката криза, посочува HCOB.

– Еврозоната не се лизна во рецесија во првиот дел од годината, но втората половина ќе биде поголем предизвик, изјави главниот економист на германската банка, Сајрус де ла Рубија, додавајќи дека поради „разочарувачките“ бројки, сега очекуваат пад на активноста од 0,1 отсто во третиот квартал.

Активноста беше притисната од падот во услужниот сектор во август, бидејќи задолжените граѓани ги намалија трошоците под притисок на повисоките трошоци за задолжување и живот.

Во вакви услови побарувачката за услуги забележа најголем пад од почетокот на 2021 година. Кога ќе се додадат индустриските стоки, падот беше најголем од крајот на 2020 година, принудувајќи ги компаниите да се свртат кон старите нарачки и речиси да го стопираат вработувањето.

-Работодавците не беа претерано заинтересирани за засилување на тимовите. Кога ќе се земе предвид влошувањето на ситуацијата во последно време, ова е знак дека тие веројатно наскоро ќе почнат да ги намалуваат работните места, рече Де ла Рубија.

Загрижувачки е и забрзаниот раст на цените на инпутите на месечно ниво, првпат по речиси една година, забележува HCOB. Компаниите затоа малку ги зголемија просечните продажни цени, додаваат оттаму.

Во групата водечки економии, кочница за активноста беше остриот пад во германскиот и францускиот услужен сектор. Во Италија и Шпанија беше релативно благо, забележува HCOB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП