Владејачката коалиција во Германија по неколкунеделни дискусии донесе одлука за намалување на даноците за корпорациите во вредност од седум милијарди евра.
Претходните обиди за усвојување вакви мерки, кои беа именувани како Закон за можности за раст, не беа успешни поради противењето на министерката за семејство од редовите на Зелените, Лиза Паус, која побара дополнителни 12 милијарди евра за нов проект за детски додаток.

