1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBMZ отвора фабрика за батерии во Македонија

BMZ отвора фабрика за батерии во Македонија

Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии BMZ ќе отвори фабрика во Северна Македонија со проектиран годишен извоз од над 360 милиони евра, соопшти денеска Владата во Скопје.

Вицепремиерот за економски прашања на Северна Македонија, Фатмир Битиќ, изјави дека инвестицијата на БМЗ, за која денеска беше потпишан договорот во Франкфурт, е вредна 65 милиони евра и ќе отвори 755 нови работни места, пренесе агенцијата Бета.

По потпишувањето на договорот, Битиќи оцени дека со проектиран годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика БМЗ ќе значи директна придобивка за извозните можности на Северна Македонија и за подобрување на трговскиот биланс, но и директно учество во изградбата на долгорочни трајни и одржливи основи за економскиот раст и развој на земјата.

„BMZ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на засилена глобална транзиција кон зелена економија добиваат се повеќе нагласена пазарна вредност и можности за успех. Тоа е синоним за технолошки напредна компанија, со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал што произлегува од нивните иновативни, висококвалитетни производи, кои секоја земја би сакала да биде дел од нејзината економија“, рече Битиќи.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован Деспотовски истакна дека договорот за инвестирање со германската компанија вреден 65 милиони евра е потпишан само седум месеци по првиот состанок.

„Најважно е што БМЗ ќе вработи повеќе од 750 лица со плати поголеми од 1.200 евра бруто. БМЗ е и првата компанија која формално се обврзува да обезбеди конкретна поддршка за развој на вештините на младите кај нас. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна корист од инвестициите“, рече Деспотовски во Франкфурт по потпишувањето на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП