15 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе појави лажен кашкавал на пазарот – еве како да го препознаете

Се појави лажен кашкавал на пазарот – еве како да го препознаете

Македонците кои патуваат во соседна Бугарија имаат навика да купуваат пити со кашкавал, бидејќи бугарскиот кашкавал е препознатлив во регионот по својот квалитет и пристапна цена за сечиј џеб.

Но, на социјалните мрежи, особено на бугарските Фејсбук групи деновиве почна да се шири предупредување дека на продажните места во Бугарија сè почесто може да се најде кашкавал збогатен со скроб, или кажано со прости зборови: лажен кашкавал.

Дел од корисниците пишуваат дека ваквата измама со замена на дел од млекото со компиров скроб веќе неколку пати се појавува во Бугарија во изминатите неколку години.

„Јас сум многу разочаран од квалитетот на кашкавалот што го купив од Софија. Не само што има вкус на пластика, туку содржи и скроб, тоа е незаконска состојка за во кашкавал. Колку што знам, скробот се користи за да се зголеми тежината на производот и да се намали трошокот на производството, но тоа го намалува квалитетот и вредноста на храната. Скробот може да предизвика алергиски реакции или интолеранција кај некои луѓе. Јас го обожавам бугарскиот кашкавал и со години редовно го купувам, па можам слободно да кажам дека оваа пита што сега ја купив нема никаква блискост со оригиналниот кашкавал“, напиша еден корисник.

Инаку, постои и друг начин да се произведе лажен кашкавал, а тоа е да се искомбинира млеко во прав или протеин од сурутка со хидрогенизирани растителни масти.

Денар малку истражуваше и ви пренесуваме како самите да проверите дали кашкавалот што сте го купиле содржи скроб.

Па така, еден од начините за да дознаете дали кашкавалот содржи скроб е да направите тест со јод. Тестот се базира на реакцијата помеѓу јодот и скробот, која создава сина или црна боја.

Ако кашкавалот не содржи скроб, тогаш воопшто нема да се обои со јодот.

За да направите таков тест потребни ви се следните состојки:

-Кашкавал
-Јод
-Чаша или чинија
-Нож или лажица
-Памучен тампон или пипета

Постапката за тестот е следна:

Исечете мало парче кашкавал и ставете го во чашата или во чинијата. Нанесете неколку капки јод врз кашкавалот со помош на памучниот тампон или пипетата. Набљудувајте ја бојата на кашкавалот. Ако кашкавалот има скроб, тогаш ќе се обои во сина или во црна боја. Ако кашкавалот нема скроб, тогаш нема да му се промени бојата.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП