22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата на ЕУ со Русија падна под два отсто

Трговијата на ЕУ со Русија падна под два отсто

Трговијата на Европската унија со Русија падна на најниско ниво од почетокот на војната во Украина, при што уделот на Русија во увозот и извозот во ЕУ сега е под границата од два отсто.

Последните податоци покажуваат дека иако 9,6 отсто од увозот на ЕУ бил од Русија во февруари минатата година, таа бројка во јуни оваа година паднала на 1,7 отсто. Уделот на извозот на ЕУ во Русија во истиот период падна од 3,8 на 1,4 отсто, пренесува Мина.

Статистиката покажува дека трговските санкции на ЕУ го имаат посакуваниот ефект и сериозно го ограничуваат движењето на стоки.

Вредноста на санкциите на ЕУ од почетокот на војната изнесува 43,9 милијарди евра извезена стока и 91,2 милијарди евра увезена стока, покажуваат податоците на Европската комисија.

На почетокот на инвазијата, трговскиот дефицит на ЕУ со Русија привремено се зголеми бидејќи цените на енергијата го достигнаа врвот, при што вредноста на увозот од ЕУ во Русија го надмина извозот за 18,5 милијарди евра во март минатата година.

Изразениот пад на увозот беше поттикнат од напорите на ЕУ да се одвикне од руските енергетски производи, при што трговскиот дефицит во енергетските производи падна од 40,4 милијарди евра во вториот квартал од минатата година на само 5,7 милијарди во истиот квартал оваа година.

Во меѓувреме, ЕУ го олесни извозот на украински производи, вклучително и житарки неопходни за производство на храна ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП