6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на трудот за професионалци и менаџери во светот е релативно стабилен

Пазарот на трудот за професионалци и менаџери во светот е релативно стабилен

men1

Истражувањето кое беше спроведено во речиси 17.000 организации во 52 земји, покажа дека пазарот на трудот за професионалците и менаџерите во светот е релативно стабилен.

Истражувањето „Global snapshot“, го подготви агенцијата „Antal International“, која е специјализирана за вработување на менаџерски позиции.

На глобално ниво, нивото на вработување во тој сегмент е малку пониско во споредба со претходната анализа. Во моментов 47 проценти од анкетираните компании вработуваат професионалци или менаџери, додека во претходниот период беше забележан 51 процент. Истовремено, процентот на компании кои го отпуштаат таквиот персонал се намали од 18 на 16 проценти.

Резултатите од истражувањето покажаа дека вработувањето на професионалци и менаџери во регионот на Централна и Источна Европа и Евроазија, поделено според држави, изнесува 47 проценти во Хрватска, во Република Чешка 55 проценти, Полска 52, Романија 53 проценти. Најголема стапка е забележана во Турција од 66 проценти, Израел 65 проценти и Русија 63 проценти.

Во Западна Европа, најголемо ниво на вработување на менаџери е забележано во Данска од 64 проценти и Финска 62 проценти, а најниско ниво е забележано во Шпанија 31 процент.

Азија и Африка покажаа значителен развој на активностите на пазарот на трудот. Во Катар забележани се 62 проценти, во Нигерија 70 проценти, а во Кина 59 проценти. Во САД и Канада се забележани 52 проценти на вработувања на професионалци и менаџери.

– Повратните информации од нашите клиенти во светот, покажуваат дека многу компании се под притисок да направат повеќе работи со помалку ресурси, особено во секторот за човечки ресурси, изјавија од агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП