18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 % во однос на одлуката од 21.8.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денаери/л.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,039 денари/кг и сега ќе изнесува 46,064 денари/кг.

Од 30.8.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 87,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денар/литар)
„мазут М-1 НС“ – 46,064 (денари/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП