4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија стагнира, закрепнување дури во четвртиот квартал

Германската економија стагнира, закрепнување дури во четвртиот квартал

Во вториот квартал, германската економија забележа нулта стапка на раст во споредба со претходниот квартал, не покажувајќи знаци на закрепнување по зимската рецесија и остана една од најслабите големи економии во светот.

Овие податоци се идентични со првичната проценка објавена на крајот на јули. На годишна основа во вториот квартал, прилагодениот БДП падна за 0,2 отсто.

Економската активност во најсилната економија во оваа еврозона ослабе за 0,4 отсто во четвртиот квартал и дополнителни 0,1 отсто во првиот квартал од 2023-та година, што означува техничка рецесија.

Објавените податоци покажаа дека државните трошоци во вториот квартал се зголемени за 0,1 отсто на квартална основа, додека личната потрошувачка остана непроменета. Капиталните инвестиции благо бележат, а извозот падна за 1,1 отсто.

Аналитичарите очекуваат дека германската економија би можела да се намали за 0,2 отсто во третиот квартал, а потоа да закрепне за 0,4 отсто во последниот квартал. Доколку се остварат овие претпоставки, германскиот БДП во тековната година ќе забележи корекција од 0,2 отсто.

Германскиот берзански индекс DAX 40 забележа раст на вредноста од 12,5 отсто во тековната година, откако минатата година забележа корекција од околу 12 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП