3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп собра 7,1 милион долари од фотографијата со намуртено лице

Трамп собра 7,1 милион долари од фотографијата со намуртено лице

Изборната кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп собра 7,1 милиони долари од објавувањето во четвртокот на неговата фотографија направена од полицијата кога се предаде на затворските власти во Атланта, Џорџија.

Значителен дел од собраните средства доаѓаат од продажба на шолји, маици и преносни фрижидери за пијалоци со фотографија од намуртеното лице на поранешниот шеф на државата, јавува Би-би-си.

Трамп, откако беше обвинет дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година, им се предаде на правосудните органи, полицијата го фотографираше и по дваесет минути формално поминати во затвор, беше пуштен со кауција од 200.000 долари.

Се чини дека тужбите ги охрабрија поддржувачите на Трамп, а тој собра речиси 20 милиони долари во изминатите три недели откако беше обвинет во случаите поврзани со Џорџија и упадот на неговите поддржувачи во Капитол.

Во петокот, веднаш по апсењето во Џорџија, Трамп собра 4,18 милиони долари, што се смета за највисока сума собрана досега во 24 часа во предизборната кампања, јавува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП