28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИспотени дланки како аларм: Ова е показател за проблеми со црниот дроб...

Испотени дланки како аларм: Ова е показател за проблеми со црниот дроб и уште еден орган

Доколку забележите дека лачењето на течности е зголемено и имате други симптоми, задолжително посетете го вашиот избран лекар.

Дланките можат да откријат многу за состојбата на вашето здравје.

Влажните дланки може да укажуваат на многу состојби – од нерамнотежа на хормони до проблеми со црниот дроб. Денес разгледуваме три различни состојби за кои вашите раце би можеле да ве предупредуваат.

Хипертироидизам

Ако вашите дланки се потат кога не се чувствувате нервозни, топло или лошо, тоа може да биде знак за хипертироидизам.

Хипертироидизмот е состојба на прекумерно производство на тироидни хормони, која е релативно честа кај жените на возраст од 20 до 50 години, а во последно време се почесто се јавува и кај мажите.

Најчесто е резултат на автоимун процес, при кој телото не ја препознава тироидната жлезда како своја структура, па произведува антитела против неа, како резултат на нејзината прекумерна стимулација. Хипертироидизам може да биде предизвикан и од еден или повеќе хиперактивни јазли во тироидната жлезда, а поретко од одредени тумори.

За среќа, многу лесно се лекува со лекови кои ја спречуваат тироидната жлезда да произведува премногу хормони.

Други симптоми кои се јавуваат кај оваа состојба вклучуваат анксиозност, замор, треперење на рацете, губење на косата и честа столица.

Уште поалармантна промена на дланката е појавата на црвени или виолетови траги, кои можат да се појават и на прстите.

Овие точки понекогаш може да бидат знак за ендокардитис, ретка и потенцијално фатална инфекција на внатрешната обвивка на срцето.

Тоа обично е предизвикано од бактерии кои влегуваат во крвта и патуваат до срцето, вели Британската фондација за срце.

Други знаци на состојбата вклучуваат болки во зглобовите и мускулите, болка во градите, симптоми слични на грип, ноќно потење, отежнато дишење и отекување на стапалата, нозете или стомакот.

Заболување на црниот дроб

Црвените дамки на рацете може да бидат знак за рано предупредување. Тие можат да сигнализираат за заболување на црниот дроб познато како цироза.

Цирозата на црниот дроб е состојба во која сите делови на црниот дроб се погодени од патолошки промени. Причината за цироза може да биде прекумерна употреба на алкохол, а потоа зборуваме за алкохолна цироза.

Со конзумирање на големи количества алкохол се создава голема количина на маснотии што го оневозможува црниот дроб да ги задоволи потребите од кислород. Како одговор на имунолошкиот систем на оваа состојба, се јавува воспалителен процес кој ги уништува клетките на црниот дроб.

Истражувањата покажуваат дека речиси четвртина (23 проценти) од оние кои страдаат од заболување на црниот дроб имаат дамки на дланките. Црвенилото обично се јавува на долната страна на дланката, но може да се прошири сè до врвовите на прстите, велат од British Liver Trust.

Луѓето кои страдаат од цироза, исто така, може да доживеат губење на апетит, чешање на кожата, гадење, губење на тежината и замор.

Кога на лекар?

Доколку почувствувате некои од споменатите промени на вашите дланки, а се придружени со други симптоми, задолжително обратете се кај вашиот лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП