Турската централна банка во четвртокот објави дека ќе ги зголеми каматните стапки за 7,5 отсто на 25 отсто како дел од мерките за ограничување на инфлацијата. Ова е значително повисоко од очекувањата на економистите кои предвидуваа зголемување на таканаречената репо стапка на 20 проценти.
Најновото зголемување на каматните стапки нагласува како новиот тим за економски менаџмент на Турција се обидува да ја врати „рационалната“ политика по годините неортодоксни мерки што ја поттикнаа галопирачката инфлација, пишува Фајненшл тајмс.

