На интернет кружи рецепт за тоник за прочистување на организмот кој делува како антибиотик и ги убива сите непосакувани бактерии, вируси и габи во телото. Сите кои го испробале, дефинитивно го потврдуваат неговото моќно дејство!
Тоникот којшто ја поттикнува циркулацијата и ја прочистува крвта е можеби токму она што му е неопходно на вашето тело. Се работи за вистинска комбинација од високо квалитетни и свежи состојки.
Потребно ви е:
– 2 лажици куркума
– 700 мл органски јаболков оцет
– ¼ шолја ситно исецкан лук
– ¼ шолја ситно исецкан кромид
– 2 лути пиперки
– ¼ шолја изрендан корен од ѓумбир
– 2 лажици изрендан рен
Сите состојки, освен јаболковиот оцет, измешајте ги во една чинија. Смесата потоа префрлете ја во стаклена тегла, па на крајот додадете го и јаболковиот оцет. Најдобро би било смесата да исполни две третини од теглата, па потоа да се дополни со јаболков оцет до врвот.
Затворете ја теглата и добро протресете. Теглата чувајте ја на ладно и суво место две недели, при што би требало да ја протресувате по неколку пати на ден.
После 14 дена, добро процедете ја смесата низ цедалка прекриена со газа и добро стиснете за да ја извлечете целата течност. Густиот остаток може да го искористите при готвење, а течниот тоник би требало да го чувате во ладилник.
Бидете внимателни бидејќи овој тоник има многу интензивен вкус! Сепак, не би требало да го разредувате бидејќи тоа ќе го ублажи неговото дејство. Препораката е да се пие по една лажица дневно за зајакнување на имунитетот. Потоа постепено може да ја зголемувате дозата додека да дојдете до една мала чашка.
Доколку имате сериозни проблеми, се препорачува по една лажица од тоникот, пет до шест пати на ден.