26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 % во однос на одлуката од 14.8.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556 %, кај дизелот има намалување од 2,350 %, кај екстра-лесното масло намалување 1,609 % и кај мазутот намалувањето е 1,910 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,34 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,567 денари/кг и сега ќе изнесува 46,025 денари/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП