3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Хрватска 1.150 евра во јуни

Просечната плата во Хрватска 1.150 евра во јуни

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во јуни изнесува 1.150 евра, што е номинално повисока за 12,4 отсто, а реално за 4,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според извештајот, просечната плата од 1.150 евра е номинално повисока за 1,5 отсто, а реално за 0,6 отсто во однос на мај. Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во индустријата за авиосообраќај, 1.943 евра, а најниска е во индустријата за производство на облека, 742 евра.

Според податоците на ДЗС, медијалната нето плата за јуни изнесувала 991 евро, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.

Просечната месечна бруто-плата по вработен за јуни изнесува 1.590 евра, што е номинално повисока за 1,8 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на мај. На годишно ниво, пак, просечната бруто-плата е номинално повисока за 14,1 отсто, а реално за 6 отсто.

Во јуни имало во просек 175 платени часови, што е за 4,4 отсто помалку од мај.

Просечната нето саатница за јуни изнесува 6,44 евра, што е за 5,7 повеќе од мај, а за 12,2 отсто повеќе од јуни лани.

Во периодот од јануари до јуни просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 1.123 евра, што е номинално повисока за 11,9 отсто, а реално за 1,8 отсто во однос на истиот период лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП