Нова реформа најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити – терапија ќе препишуваат матичните, со што ќе се намали притисокот на Клинички.
Со ова се засилува улогата на матичните лекари, рече министерот со новата реформа ќе се врати и достоинството на матичните лекари кои сега ќе може да дијагностицираат, На овој начин ќе се растеретат Клиниките. Изготвени се протоколи за најчестите заболувања за кои возрасните се јавуваат кај матичен лекар, како што се: хипертензија, хипотиреоза, дијабет, астма и ХОББ, за сите овие болести ако досега терапијата ја препшувал лекар специјалист, сега дијаностика и препишување терапија ќе прави матичен лекар. Со ова министерот најави децентрализација на здравството.

