27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите предвидуваат највисока инфлација во Турција во последните 21 година

Економистите предвидуваат највисока инфлација во Турција во последните 21 година

Прогнозите за инфлација во Турција се влошија поради слабата локална валута, а аналитичарите очекуваат најбрзо зголемување на цените во повеќе од две децении, покажуваат податоците од клучното истражување на централната банка на земјата, цитирано од „Bloomberg“.

Очекуваната инфлација во следните 12 месеци во месечната анкета на регулаторот се зголеми за речиси 9 процентни поени во изминатиот месец до 42% во август, што е највисоко ниво од февруари 2002-ра година. Се очекува лирата да депрецира повеќе од 20% од доларот во истиот период , што дополнително ќе го стимулира растот на цените, според прогнозите објавени од централната банка во петокот.

Резултатите донекаде ги одредуваат и официјалните проценки на банката, според кои минатиот месец инфлациските очекувања на крајот на годината беа 58% – резултат на неодамнешната девалвација на лирата. Валутата ослабе за 31% во оваа година, засилувајќи го ефектот од неодамна зголемените даноци објавени од владата со цел покривање на зголемениот буџетски дефицит.

Централната банка очекува забавување на инфлацијата по достигнувањето на врвот во вториот квартал на 2024-та година, бидејќи централните банкари продолжуваат постепено да ги зголемуваат каматните стапки. Новата економска администрација по реизборот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во мај отфрли некои од неговите политики за раст по секоја цена за да го забави растот на потрошувачките цени и да го реши проблемот со јавните финансии.

Но, мнозинството од испитаниците во истражувањето на централната банка ги задржаа своите прогнози за силен раст оваа година. Бруто домашниот производ се очекува да порасне за 3,7% во 2023-та година, непроменет од јули, а следната година се очекува да се зголеми на 4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП