7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија може да ги надмине САД во извозот на нафта во Бразил

Русија може да ги надмине САД во извозот на нафта во Бразил

Во август Русија може да ги надмине САД во извозот на нафта во Бразил.

Според Bloomberg, бразилскиот увоз на нафтени деривати од Русија ќе се зголеми за 25 отсто во август во однос на јули, на рекордни 235.000 барели дневно (bpd), што е многу повеќе од увозот од САД.

Според податоците на агенцијата Кплер, Бразил стана втор најголем купувач на руско дизел гориво, по Турција, пренесува РИА Новости.

„Бразил е најголемиот пазар во Латинска Америка, така што руските рафинерии се фокусирани на испораките во оваа земја“, рече главниот нафтен аналитичар на Кплер, Виктор Катона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП