Според податоците на Народната банка на Грција, вкупните депозити на домашните банки се зголемуваат четири месеци по ред. Од јуни минатата година, во националниот банкарски систем се вратени 10,7 милијарди евра
Најголем раст на депозитите на месечно ниво е забележан во декември 2012, тогаш изнесувале 5,47 милијарди евра. Депозитите во банката на крајот од изминатата година изнесувале 161,4 милијарди евра, соопшти народната банка.
Поради политичката неизвесност и зголемениот ризик од банкрот, од почетокот на глобалната криза на крајот на 2009 година, до јуни минатата година, Грците повлекле од банките околу 80 милијарди евра.
Зголемувањето на банкарските заштеди во банките на Грција, придонесе за стабилизирање на политичката клима во земјата, но и 4,50 проценти каматни стапки за депозитите кои се орочени за една година.