21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФон дер Лајен: Европските складишта за гас се полни 90 проценти

Фон дер Лајен: Европските складишта за гас се полни 90 проценти

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во моментов капацитетот на европските складишта за гас е 90 отсто. Според неа, тоа се случило многу порано од планираното.

„Складирањето на гас во ЕУ достигна 90 отсто од капацитетот многу пред предвиденото. Тоа ќе ни помогне да бидеме безбедни оваа зима. Заедно се одвикнуваме од рускиот гас“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х, пренесува Комерсант.

Европската комисија претходно објави дека складиштата за гас на Европската унија достигнале 89,99 отсто зафатеност до 17 август. Претставникот на ЕК, Стефан де Керсмакер, истакна дека невообичаено топлата зима во Европа што поминала е клучен придонес за ова ниво на зафатеност на магацините.

ЕУ го исполни својот план да ги наполни складиштата за гас до 90 отсто пред почетокот на грејната сезона во октомври. Покрај складиштата за гас на територијата на земјите од ЕУ, европските компании во јули се вратија на активно користење на подземните складишта за гас во Украина. Се проценува дека во текот на јули во Украина биле складирани околу 589 милиони кубни метри гас за потребите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП