2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот остро падна откако SpaceX ги продаде своите криптовалути

Биткоинот остро падна откако SpaceX ги продаде своите криптовалути

Биткоинот падна за околу осум отсто за еден час тргување во четвртокот попладне во САД, продолжувајќи ја низата на губитоци што ги промени поголемиот дел од добивките на криптовалутите од јуни. Цената на биткоинот накратко падна на 25.409 долари, според податоците на CoinMarketCap, пред делумно да закрепне.

Цената на биткоинот е намалена за 15 отсто од највисокото ниво од 31.814 долари во јули, што го одразува неодамнешниот пад на акциите, обврзниците и другите финансиски средства, пишува Financial Times. Распродажбата на биткоинот се совпадна со извештајот на WSJ дека SpaseX на Илон Маск ги продал своите 373 милиони долари во криптовалути.

Трговците со дигитални средства внимателно го следат Маск од 2021 година, кога неговата компанија за електрични возила Тесла накратко прифати плаќања во криптовалути. Биткоинот се зголеми за 15 проценти во еден ден кога Маск објави дека прифаќа криптовалути, во февруари истата година.

Биткоинот забележа остар пад на вредноста кога Маск ги напушти плановите три месеци подоцна. Оттогаш, вредноста на акциите на Tesla флуктуира. Минатата година Тесла забележа загуба од 204 милиони долари од девалвација на своите биткоини.

Акциите и обврзниците ослабеа откако ФЕД минатиот месец ја подигна референтната каматна стапка на највисоко ниво во последните 22 години, оставајќи ја вратата отворена за понатамошни зголемувања оваа година. Комисијата за хартии од вредност на САД неодамна оцени дека секторот на дигитални валути е „полн со измами и злоупотреба“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП