4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалното богатство на домаќинствата се топи за прв пат од 2008-ма

Глобалното богатство на домаќинствата се топи за прв пат од 2008-ма

Вкупното глобално богатство на домаќинствата падна минатата година за прв пат по финансиската криза во 2008-ма година, бидејќи инфлацијата и посилниот американски долар ги намалија нивните средства за околу 11,3 трилиони долари.

Така, вкупното нето приватно богатство во светот е намалено за 2,4% во 2022-ра година на вкупно 454,4 трилиони долари, се вели во годишниот извештај на „Credit Suisse“ за глобалното богатство, цитиран од „Bloomberg“. Најголем дел од падот го почувствуваа северноамериканските и европските домаќинства, кои загубија заедно 10,9 трилиони долари.

Не сите региони претрпеа пад на богатството. И покрај санкциите, Русија забележа големо зголемување на богатството во минатата година, при што се појавија 56 нови милионери во земјата, се вели во извештајот.

Во Латинска Америка богатството се зголемило за 2,4 трилиони долари, за што придонесе апрецијацијата на локалните валути во однос на американскиот долар во просек за 6%. Извештајот опфаќа околу 5,4 милијарди луѓе ширум светот со различни приходи.

Акумулацијата на богатството се покажа отпорна за време на пандемијата и порасна со рекордно темпо во 2021-ва година. Но, инфлацијата, зголемените каматни стапки и депрецијацијата на валутата предизвикаа пресврт во 2022-ра година, рече Нанет Хехлер-Фајдерб, глобален шеф за економија и истражување во „Credit Suisse“, кој беше купен од „UBS Group“ претходно оваа година.

„Падот на финансиските средства, исто така, ја намали нееднаквоста. Вкупниот број на милионери е намален за 3,5 милиони луѓе на околу 59,4 милиони луѓе, а уделот на најбогатите 1% луѓе во светот во вкупното богатство е намален на 44,5%“, рече Хехлер-Фајдерб.

Норвешка, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати водат во однос на зголемувањето на просечното богатство по лице во 2022-ра година, додека Шведска, Нов Зеланд, Австралија и Канада забележаа најголем пад.

Промена на просечното богатство по лице во 10-те најбогати земји/територии во 2022-ра година. Извор: „Bloomberg“.

Извештајот, исто така, забележува дека 2022-ра година може да биде само еден удар во прогнозата за целокупниот раст на богатството. До 2027-ма година, на глобално ниво, се очекува да се зголеми за 629 трилиони долари, или за 38%. А бројот на милионери би можел да достигне 86 милиони до 2027-ма година од околу 60 милиони во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП