2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландската економија изненадувачки се најде во рецесија

Холандската економија изненадувачки се најде во рецесија

Холандската економија неочекувано падна во рецесија, прва по пандемијата, во услови на послаби потрошувачки трошоци и извоз.

Бруто домашниот производ во периодот од април до јуни падна за 0,3% во однос на претходните три месеци, покажуваат податоците од државната статистика, цитирани од „Bloomberg“. Тоа следеше по ревидираниот пад од 0,4% во првиот квартал и беше далеку од прогнозите за пораст од 0,2% во истражувањето на „Bloomberg“.

Холандија сега се соочува и со економски неволји заедно со политички пресврт по оставката на долгогодишниот премиер Марк Руте. Зад намалувањето од првата половина на годината стои недостигот на работна сила, потиснатата побарувачка од европските трговски партнери и зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка, која се обидува да ја смири инфлацијата.

БДП-то на Холандија во споредба со еврозоната. Инфографик: „Bloomberg“.

„Сега се потребни стабилност и предвидливост, затоа мораме да внимаваме да не ја вознемириме економијата и да не ги зголемиме даноците“, изјави министерот за економија Мики Адриансен за холандската новинска агенција „ANP“.

Прегледот на податоците покажа дека домашната потрошувачка паднала за 1,6 отсто, извозот се намалил за 0,7 отсто, а државната потрошувачка се зголемила за 0,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП