Индексите на берзата во Њујорк го затворија денешното тргување во минус. По објавувањето на најновите економски податоци од Кина, инвеститорите се загрижени за заладувањето на тамошната економија, а загрижени се и за финансиската стабилност на американските банки, пренесува француската новинска агенција АФП.
Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 34.946,39 поени, што е 361,24 поени или за 1,02 отсто помалку од понеделникот. Индексот на 500-те најголеми американски компании S&P 500 е формиран на вредност од 4437,86 поени, што е 51,86 поени или за 1,16 отсто помалку отколку на почетокот. Технолошкиот индекс Nasdaq загуби 157,28 поени или 1,14 отсто и го заврши тргувањето на 13.631,05 поени.

